Пеперутка пченкарен црв Helicoverpa armigera Hb.

Исклучиво распространет вид. Оштетува многу култури, вклучително и памукот. Зимува во вид на пашкул во почвата до длабочина од 5–10 см. Возрасните летаат од почетокот на јуни до ноември. Една женка снесува/положува од 500 до 2700 јајца.

Битно: Јајцата се положуваат поединечно, поретко 2–3 јајца по листовите, генеративните органи (пупки, цветови, чашките на цветовите, пченкарна свила, метла) и тн. Гасениците живеат 15–22 дена, поминувајќи низ 6 циклуси (метаморфози на лаврите). Оптималната температура за гасениците е помеѓу 22–28 степени. Се хранаат со растенија од 250 видови.

Гасениците од првата возраст ги оштетуваат горните листови од памукот, пченката, доматите, јонџата. Од втората возраст до крајот на нивниот развој, гасениците се хранат со генеративните органи: пупки, цветови, јазли, кутијките на памукот, зрната во пченкрниот кочан, наут и друго. Тие растат и на плевели. Во Бугарија овој вид штетеник развива по 2-3 потомства. Женките за време на несењето јајца ги привлекува мравја и оксална киселина кои се излачуваат од памукот.

Битно: Положувањето на јајцата започнува 3–4 дена по почетокот на летот на пеперутките. Јајцата се ставаат на лисјата, цветовите. Кај патлиџанот и наутот се забележува положување на јајца на лисјата, пупките, цветот, кај пченката се забележува положување на јајцата врз свилата/косата од кочанот. Кај памукот, несењето јајца е само на почетокот кога се појавуват пупките на цветовите. Затоа првато потомство на  Helicoverpa armigera се развива на плевел и јонџа, наут, патлиџани и тикви. Првото раселување на трихограмот (Trichogramma) се прави на периферијата на полињата/нивите врз плевелите до 30 илјади единки/ха или 0,4 г.

На зима пашкулите на штетеникот можат да издржат температури до -13 степени. Но, дури и кога умираат 70–80% од пашкулите, бројот на Helicoverpa armigera брзо се зголемува.

Кај пченката, Helicoverpa armigera или пченкарниот црв се храни со свилата на кочанот, а потоа со зрната на кочанот. Кај доматите/патлиџанот – со лисјата, пупките и плодот, кај јонџата ги јаде лисјата и пупките. Една гасеница оштетува до 20 плодни тела памук и до 12 кочани пченка.

Прагот на економска штета за памукот е 8–10 гасеници на 100 растенија или 3-5 за памукот со фини влакна. За домати/патлиџани — 15–20 јајца на 100 растенија во првото потомство, 40–90 јајца на 100 растенија во второто потомство. Кај пченката 12–17 јајца во првото потомство и 30–80 јајца во второто потомство.

Pamukova-vzrastno-2-gr

Возрасен

jayca-pamukova-gr

Јајца

pamukova-larva-gr

Ларва

pamukova-kukolka-gr

Куклички

pamukova-povreda-gr

Оштетување

pamukova-larva-povreda-gr

Оштетување

pamukova-povreda-gr-1

Оштетување

pamukova-povreda-Alternarioz-gr

Оштетување

Раселување на трихограмот (Trichogramma). Во регионите каде што има поволни услови за развој на трихограмата (ХТК = 0,9–1,2) првото раселување на трихограмата се врши на почетокот на положувањето на јајцата, второто раселување — во периодот на масовно положување на јајца. Доколку се продолжи периодот на летот, дополнително раселување се врши 5–7 дена по второто раселување. Понатамошната контрола на Helicoverpa armigera или пченкарниот црв е за сметка на репродукцијата на раселените трихограми(Trichogramma).

Во областите каде што има неповолни услови за развој на трихограма, се вршат дополнителни 1 или 2 раселувања.

Трихограм капсули. Во една капсула има 500 трихограми. За едно раселување потребни се 200 капсули/хектар. Една капсула се паѓа на површина од 50 m2. Тоа значи дека една трихограма се паѓа на 10 м2 од површината. Не е доволно, но во спротивно потребни се премногу трихограми. Според нашето и странско искуство, најквалитетниот трихограм паразитира до 70–92% од јајцата на Helicoverpa armigera или пченкарниот црв.