Трихограма пинтои

Trichogramma pintoi

Трихограмите (семејство Trichogrammatidae) се цело семејство паразитски инсекти (микро оси) кои се хранат со јајцата на различни штетници на земјоделските култури. Трихограмите се многу мали по големина и не се поголеми од еден милиметар.

Откривајќи ги јајцата на штетниците (различни претставници од редот Пеперутки), трихограмата положува во нив едно или повеќе од своите јајца (во зависност од големината). Инсектот е многу добро прилагоден на условите за живот во кои се јавува неговиот домаќин. Неколку часа по положувањето, се развива ларва која веднаш почнува да се храни, уништувајќи го својот домаќин. Кога ларвата ќе го заврши својот развој, се претвора во пашкул, а потоа во возрасен инсект, кој ја кине лушпата од јајцето на домаќинот и полетува за да и даде живот на следната генерација/потомство. Една женка снесува до 80 јајца во својот живот.

Развојот на трихограмата од јајце до возрасен инсект трае околу 10–15 дена, што во голема мера зависи од надворешните климатски услови и може да трае до три недели при ниски температури.